Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер: Не заслуживме да ја поминеме групата

Солскјер: Не заслуживме да ја поминеме групата

Вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед на гости против Лајпциг од 2:3 значеше и преселба за „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа што секако е разочарувачки за навивачите на овој клуб.

Стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по натпреварот беше реален и порача дека неговиот тим не заслужил да игра во нокаут фазата од ЛШ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не игравме добро и не заслуживме да ја поминеме групата. Поразот во Истанбул имаше негативен ефект врз нас. Невозможно е како изгубивме таму, со Лајпциг бевме блиску до нерешено, но не можевме да направиме ништо со константните нафрлувања на противникот“, изјави норвешкиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Омилениот тренер на Инсиње може да го врати во Серија А!

Познатиот италијански фудбалер Лоренцо Инсиње (34), по истекот на неговиот договор со Торо…