Дома Фудбал Англија Солскјер најави нов договор за Кавани

Солскјер најави нов договор за Кавани

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер најави дека ќе биде продолжен договорот на Едисон Кавани.

33-годишниот Кавани ова лето потпиша едногодишен договор со „црвените ѓаволи“ со опција за дополнителни 12 месеци.

Уругваецот само три пати беше стартер во сите натпреварувања, но Солскјер верува во неговите квалитети и вети дека во иднина почесто ќе биде во стартниот состав.

„Во моментов изгледа како да има уште неколку години на највисоко ниво, без разлика на годините тој е еден од најподготвените фудбалери кои ги имаме“, одговори Солскјер на прашањето за продолжување на договорот.

„Тој дефинитивно е фудбалер кој е стартер. Не можеш да класификуваш фудбалер од таков квалитет на друг начин. Но, кај нас имаме повеќе стартери, повеќе од 11. Така е секогаш во Манчестер јунајтед. Јас верувам во него и најверојатно ќе стартува во повеќе мечеви во иднина“, додаде Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Станковиќ: Да беше корнер за Милан судијата сигурно ќе дозволеше да го изведат

Синоќа на Сан Сиро екипите на Милан и Црвена Звезда го одигра реванш натпреварот од 1/16 ф…