Дома Фудбал Италија Соиграч на Пандев позитивен на Ковид-19 пред дуелот со Наполи

Соиграч на Пандев позитивен на Ковид-19 пред дуелот со Наполи

Голманот на Џенова, Матија Перин е позитивен на „Ковид-19“.

Тимот за кој настапува Пандев бил тестиран вчера во пресрет на натпреварот против Наполи, а на тестирањето Перин бил единствениот позитивен.

Оваа вест ја потврди тренерот на Џенова Роналдо Маран на прес-конференцијата пред дуелот со Наполи. Перин според правилата нема да биде во комбинација за натпреварот и веднаш бил испратен во самоизолација.

Ќе потсетиме утрешниот натпревар од 15:00 часот помеѓу Џенова и Наполи ќе биде и средба на македонските фудбалер Елмас и Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Додека го чекаат Гвардиола да потпише, „граѓаните“ најдоа негов наследник

Ситуацијата со договорот на Пеп Гвардиола почна да ги загрижува челните луѓе на Манчестер …