Дома Фудбал ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

ФФМ и Ла Лига со заедничка визија за развој на фудбалот во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига најавија почеток на долгорочно партнерство кое ќе се фокусира на едукација, размена на искуства и развојни програми. Ова беше потврдено на денешната средба во Скопје, на која присуствуваа претставници на двете институции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Фудбалот е универзален јазик кој поврзува луѓе и култури. Преку соработка со институции како ФФМ, сакаме да изградиме долгорочни партнерства кои ќе ја збогатат фудбалската сцена и ќе донесат нови можности за младите“, изјави претставникот на Ла Лига, Естебан Касадо. Тој, заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сороано Ортоз, и заменикот шеф на мисијата во Скопје, Паула Навајо Гомез, беше примен од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и генералниот секретар, Леонид Јандреоски.

Од ФФМ изразија благодарност за посетата и отвореноста за конкретни идни проекти, особено во доменот на едукација и менторство на млади тренери преку партнерства со шпански клубови и поддршка од Ла Лига. „Вложувањето во знаење и искуство е најдобар начин да обезбедиме одржлив развој на нашиот фудбал“, изјави Јандреоски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…