Дома Трансфер зона Смолинг ја воодушеви Италија, на Рома ќе и биде тешко да го задржи

Смолинг ја воодушеви Италија, на Рома ќе и биде тешко да го задржи

Крис Смолинг ова лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед и со своите настапи ги воодушебви сите.

Рома сака да го откупи неговиот договор и веќе започна преговори со Манчестер Јунајтед, но на „волчицата“ воопшто нема да и биде лесно бидејќи за Смолинг интерес покажаа и други италијански гиганти.

Имено, Јувентус, Милан и Интер внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуди до Јунајтед за да го добијат потписот на Смолинг.

Рома за потписот на дефанзивецот понуди 15 милиони евра, понуда која „црвените ѓаволи“ ја одбија како ниска.

Останатите клубови се спремни да платат 20 милиони евра, па се очекува жестока „битка“ за потписот на англискиот дефанзивец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ги започна преговорите за Осман Дембеле

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ доколку за него…