Дома Фудбал Англија Смит: Кога Клоп ќе ви каже „вау“ значи сте направиле нешто добро

Смит: Кога Клоп ќе ви каже „вау“ значи сте направиле нешто добро

Во рамките од 4. коло во Премиер лигата фудбалерите на Астон Вила вчера го разбија Ливерпул со 7:2.

Ретко кој пред почетокот на мечот можеше да прогнозира победа за Астон Вила, а не пак да се очекува Ливерпул да прими седум гола.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Вила го разби актуелниот шампион, а после натпреварот менаџерот на Вила Дин Смит блескаше од среќа.

„Беше тоа напорен меч. Кога Клоп ќе ви каже „вау“ знаете дека сте направиле нешто добро. Момците беа одлични, совршено ги завршија сите задачи кои им ги дадов. Беа во најдобро издание. Најмногу жалам што немаше навивачи. Се надевам дека дома уживаа во оваа победа. Навистина голема работа за играчите, многу се трудеа. Кога играте против Ливерпул и со водство од 5:2 не сте сигурни дали ќе победите“, изјави Смит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…