Дома Останати Авто Мото „Слушнав дека Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес“

„Слушнав дека Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес“

Се погласно се најавува заминување на Холанѓанецот Макс Ферстапен од Формула 1, а се започна по секс-скандалот во кој беше вмешан шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Легендата на Формула 1, Џони Херберт тврди дека има информации на оваа тема. Според неговите зборови, Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес каде што би пристигнал како замена за Хамилтон кој од наредната сезона ќе вози за Ферари.

„Според мои извори, Ферстапен е блиску да замине, а слушнав дека Мерцедес е блиску да го договори“, изјави Херберт.

Останува да видиме во наредниот период каква ќе биде ситуацијата, меѓутоа очигледно освен заминмувањето на Хамилтон наредната сезона би можеле да видиме и уште една голема промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…