Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон кој од наредната сезона ќе вози за Ферари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не можеше да ги избегне и најавите дека Макс Ферстапен може да биде човекот кој ќе го замени Хамилтон, а Волф беше искрен и кажа дека Холанѓанецот е првиот на листата на желби.
„Мораме прво да видиме дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата желби“, изјави Волф.
Зборуваше Волф и за опциите ако Ферстапен сепак одлучи да остане во Ред Бул.
„Младиот Андреа Кими Антонели има голем потенцијал, не треба да се заборави дека има само 1 години. Размислувавме и за Фернандо Алонсо и Карлос Саинц и тоа се четирите опции засега. Ќе видиме како ситуацијата ќе се развива“, истакна Волф.