Дома Фудбал Останато Случајност или не? – Нејмар четврта година по ред пропушта натпревар на ист датум

Случајност или не? – Нејмар четврта година по ред пропушта натпревар на ист датум

Интересен факт поврзан со најскапиот фудбалер во светот Нејмар.

Имено, ѕвездата на ПСЖ веќе четири години пропушта натпревар на или околу 11 март. Нејмар две години по ред беше суспендиран, а минатата година беше повреден, како и оваа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Да потсетиме, Нејмар заработи повреда минатиот викенд во дербито против Марсеј.

Веројатно, повредите и суспензиите поврзани со овој датум немаше да бидат забележани доколку на 11 март не беше денот кога роденден слави неговата сестра, Рафаел Баракан (22).

Сега дали се работи само за случајност или нешто повеќе не е познато, но јасно е дека ова ќе предизвика сомневање кај навивачите на Пари Сен Жермен.

ПСЖ на 10 март го очекува натпревар против Мец во домашното првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јунајтед ќе води борба со Сити за – голем француски талент

Манчестер јунајтед има сериозни планови за претстојното лето, барем ако им се верува на ме…