Барселона во саботата ја победи Мајорка со убеливи 0:4, а од овој натпревар се појави фотографија која се рашири на социјалните мрежи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси е фотографиран како во еден момент како тренер им дава инструкции на соиграчите кои мирно го слушаат. На сликата може да се видат и тренерите Кике Сетиен и Едер Сарабија.
„Слика која вреди повеќе од 1000 зборови. Кога Меси зборува сите слушаат“, пишува каталонски „Спорт“ и наведува дека изразот на лицето на Сетиен покажува дека останатите се изненадени од она што Меси им го објаснува.
