Дома Фудбал Лига на шампиони Славеше во епското финале во 2005 со Ливерпул, а денес повторно во Истанбул со Сити има шанса за нова титула!

Славеше во епското финале во 2005 со Ливерпул, а денес повторно во Истанбул со Сити има шанса за нова титула!

Лигата на шампионите е натпреварување во кое некои од најголемите европски ѕвезди никогаш не се радувале на трофејот, а од друга страна некои помалку познати имиња и по неколку пати се радувале, иако не биле главни во своите тимови.

Вечерва битка за торфејот ќе водат Манчестер Сити и Интер, а еден играч од редовите на Сити може да го подигне вториот трофеј од ЛШ и тоа по вторпат во Инстамбул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Станува збор за Скот Карсон кој има 37 години и резервен голман кај „граѓаните“. Ако Сити слави вечерва во неговата биографија ќе има две титули од најелитното европско натпреварување.

Првиот трофеј го прослави на истото место во она епско финале помеѓу Милан и Ливерпул во 2005 година. Тогаш Карсон како резерва ги гледаше одличните одбрани на Јержи Дудек кој беше еден од најзаслужните за европската круна на „црвените“.

Сега со Манчестер Сити повторно е на финале во Истанбул и повторно како резерва има шанса за вториот европски трофеј. Во кариерата Карсон беше дел од Ливерпул, но најмногу се истакна во ВБА каде што собра 110 настапи, потоа играше за Бурса, Виган, па шест години во Дерби Каунти од каде што дојде во Сити во 2021 година.

Зад себе Карсон може да се пофали и со четири настапи за англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…