Дома Топ вести Скопје под полициска опсада за Суперкупот: 2.000 полицајци задолжени за безбедноста

Скопје под полициска опсада за Суперкупот: 2.000 полицајци задолжени за безбедноста

Скопје ќе биде под полициска опсада за претстојниот фудбалски спектакл наречен Суперкуп на УЕФА на 8 август на „Телеком арена“. Надлежните државни институции одржуваат постојана комуникација со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како логистичка поддршка на централата во Нион во чија организација е пресметката на Реал Мадрид, освојувач на Лигата на шампиони, и Манчестер јунајтед, освојувач на Лига Европа, за првиот трофеј во новата сезона.

Како што пренесува Нова ТВ, која дојде до ексклузивни информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), за улогата на формираното координативно тело и содржината на обемниот оперативен план со безбедносни мерки и активности што е изготвен и по кој ќе се постапува. Целта кон меѓународниот фактор е недвосмилено јасна. Настанот на годината во нашата земја да мине во најдобар ред, без проблеми и несакани ситуации и ништо да не биде препуштено на случајот и да изненади како препорака за одобрување и на идни кандидатури. Во однос на домашниот, намерата е создавање на сите предуслови за надвладување на спортското над неспортското, да надвладее фудбалскиот дух и позитивната навивачка енергија и страст и Македонија да се прикаже како гостопримлива земја, но и како земја која има капацитет за организација на така голем и престижен натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За безбедноста на Суперкупот ќе бидат ангажирани околу 2.000 полициски службеници. Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат распоредени на граничните премини за прифаќање и придружба на навивачите на двата клуба до Скопје. На посреќните од нив ќе им бидат доверени, стотици милиони евра, вредните ѕвезди на „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ како одлична непосредна можност за селфи со некој идол од ростерите на Зинедин Зидан и Жозе Мурињо или автограм или, пак, сувенир за спомен од убавата прилика. Работното место за дел ќе биде околу стадионот во т.н. „обрачи“.

Планот предвидува три такви околу Националната арена. Последниот околу самиот стадион ќе биде инсталиран на три дена до почетокот на натпреварот и низ него нема да може да влегуваат цивили.

До „Телеком арена“ ќе има девет влеза за навивачите и сите оние кои имаа среќа да бидат извлечени на лотаријата што ја организира УЕФА. Два дена пред мечот е планирано детално „тресење“ на целиот стадион и неговата околина од антитерористички единици.

Плоштадот „Филип Втори“ како шпанска зона, платото пред Мајка Тереза ќе биде англиска

Одредени се и локации како фан зони на армиите навивачи што се најавени од Пиринеите и од Островот. За симпатизерите на Реал Мадрид е резервиран плоштадот „Филип Втори“ преку Камениот Мост, а навивачите на Јунајтед го добија платото кај спомен куќата на Мајка Тереза, на улица „Македонија“ како своја територија за загревање. Меѓу нив, на централниот плоштад во главниот град, ќе биде ставен на располагање за неутралните вљубеници чија желба е уживање во одлична фудбалска претстава.

На трите места ќе бидат поставени шанкови за пиво и мезе, но и билетари во кои ќе се врши замената на ваучери со купени карти. На двата клуба, според прописите, се поделени по 5.000 влезници иако, според досегашни информации со кои располага МВР, поголем број навивачи ќе има премиерлигашот.

Извор: НоваТв

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…