Дома Фудбал Италија Скарони најави: Милан ќе гради нов стадион!

Скарони најави: Милан ќе гради нов стадион!

Претседателот на фудбалскиот клуб Милан, Паоло Скарони најави денес дека Милан ќе има нов стадион за три години.

Милан и градскиот ривал Интер своите натпревари ги играат на стадионот „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се надеваме дека новиот стадион ќе биде завршен 2024-2025. Со изградба би требало да започнеме кон крајот на следната година. Со оглед дека тоа ќе биде 2022 година, додаваме две години работа и тоа е 2024. Меѓутоа се уште е рано за давање распоред“, изјави Скарони.

Во Италија само четири клубови имаат сопствени стадиони – Јувентус, Аталанта, Сасуоло и Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Промена на правилата во Лигата на шампионите согласно УЕФА

УЕФА објави важна промена на правилата што би можела да ги спаси играчите кои клубовите ги…