Дома Фудбал Италија Скандал ја тресе Рома: Де Роси сакал да го избрка Тоти од клубот?

Скандал ја тресе Рома: Де Роси сакал да го избрка Тоти од клубот?

Италијанскиот клуб Рома ја тресе скандалозно откритие, чија веродостојност допрва треба да се испитува.

Наводно, Даниеле де Роси кој пред неколку дена го одигра последниот меч за „волчицата“ сакал да го види надвор од клубот долгогодишниот пријател и соиграч Франческо Тоти, пренесуваат италијанските медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скандалот зеде големи размери откако еминентниот весник „Република“ откри дека Де Роси заедно со влијателните соиграчи, Џеко, Коларов и Манолас ја сакале и „главата“ на Тоти кога од клубот беа избркани тренерот Ди Франческо и директорот Мончи.

Легендарниот Тоти после завршувањето на тренерската кариера седна на директорското столче. Де Роси сметал дека и тој има вина за слабата сезона и треба да биде избркан заедно со Ди Франческо и Мончи.

Претседателот на Рома, Џејмс Палота ја коментираше информацијата на следниот начин: „Тоа се чисти глупости“.

Де Роси пак бил шокиран од таквите тврдења и размислува да го тужи весникот. Меѓутоа, „Република“ како доказ публикуваше еден емаил од лекарот на Рома кој замина заедно со тренерот Ди Франческо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …