Дома Останати Тенис СКАНДАЛ НА АО: Нишикори победи после пет часа игра, Буста беснееше кај судијата – со право! (ВИДЕО)

СКАНДАЛ НА АО: Нишикори победи после пет часа игра, Буста беснееше кај судијата – со право! (ВИДЕО)

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори успеа после голема борба да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен.

Нишикори во епски меч кој траеше повеќе од пет часа го победи Карењо Буста со 3:2 сетови (6:7, 4:6, 7:6, 6:4, 7:6).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој меч сепак нема да се памети по големиот пресврт и драматичноста туку поради скандалот во тајбрејкот од одлучувачкиот сет.

Шпанецот Карењо водеше со 8:5 (се игра до 10 поени), а во тие моменти тој упати топка која удри во мрежата и падна на линија по што Нишикори заврши со смеч. Сепак, пред Јапонецот да го даде завршниот удар линискиот судија викна аут.

Тогаш Шпанецот побара челенџ кој му беше успешен и според правилата поенот требаше да се повтори, но главниот судија му го додели поенот на Јапонецот кој намали на 8:6 и го започна големиот пресврт.

Карењо со право влезе во жестока расправија со судијата кој не сакаше да ја промени одлуката. Веројатно следуваше и психички пад кој Нишикори го искористи и направи пресврт.

Шпанецот продолжи да беснее и после мечот, но немаше никаква корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…