Jaпонецот Кеи Нишиори верува дека Роже Федерер се уште може да игра на највисоко ниво.
Федерер се врати на теренот после пауза од една година, но на турнирот во Доха не му беше лесно и испадна во првото коло. Сепак, Нишикори верува дека Федерер е спремен да се врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Иако беше надвор од теренот повеќе од една година Роже игра добро. Не можат сите да го направат тоа. Се надевам дека повторно ќе се врати на високо ниво. Уживам кога играм против него“.
Швајцарецот го опиша со зборот „монструм“.
„Тој е вистински монструм, во најпозитивна смисла. Одигра два добри натпревари по толку долга пауза. Секако дека не е лесно“, изјави Нишикори.
Во овој момент Федерер и Надал имаат по 20 освоени Грен слемови, додека Ѓоковиќ е на 18.