Дома Фудбал Англија Скандал во Англија: Арсенал ги суспендираше тренерите на Дејан Илиев – малтретирале играчи!

Скандал во Англија: Арсенал ги суспендираше тренерите на Дејан Илиев – малтретирале играчи!

Арсенал суспендираше двајца тренери од младинскиот погон пренесува „BBC“.

Станува збор за Стив Гетинг и Карл Ларман кои се суспендирани поради малтрерирање на неколку играчи, а клубот реагираше после жалбите од неколку членови од младинските категории.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Засега во медимите не се наведува за каков вид на малтретирање станува збор.

Гетинг е главен тренер на генерацијата до 23 години и некогаш играше за клубот – од 1977 до 1981 година, додека Ларман е негов асистент.

„Суспендиравме двајца тренери и започнавме истрага на основа на жалбата на неколку играчи. Ова се приватни работи, работи на клубот и за нив нема да зборуваме во детали“, порачаа од Арсенал.

Ниту еден од вата тренери се уште не се излегол во јавноста со официјална изјава, но не присуствуваа на натпреварот во вторникот кој Арсенал го загуби со 1:0.

Иначе член на тимот на Арсенал до 23 години е и младиот македонски голман Дејан Илиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…