Дома Фудбал Репрезентации Скандалот скапо го плати, Терим повеќе не е селектор на Турција!

Скандалот скапо го плати, Терим повеќе не е селектор на Турција!

Фудбалскиот сојуз на Турција, објави дека Фатих Терим повеќе не е селектор на оваа репрезентација и дека тоа било одлучен после разговорот со одличниот тренер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот турски тренер по кој знае кој пат заминува од клупата на репрезентацијата на Турција, но изгледа дека за него повеќе нема место во оваа репрезентација. Имено, Фатих Терим на најлош можен начин ја заврши својата кариера како селектор на Турција.

Терим заедно со своите пријатели пред неколку дена направи голем скандал во еден инстанбулски ресторан. Тој учествувал во тепачка во која најлошо поминал сопственикот на ресторанот кој се здобил со телесни повреди. Фудбалскиот сојуз на Турција експресно реагираше и одлучено беше Терим да биде отпуштен.

Фудбалскиот сојуз на Турција денес се сретна со искусниот стручњак, после што беше заклучено дека најдобро е Терим да го напушти селекторското место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…