Дома Трансфер зона Си заминува и Хуанфран: Ги поминав најдобрите денови тука, се надевам ќе се вратам

Си заминува и Хуанфран: Ги поминав најдобрите денови тука, се надевам ќе се вратам

0

Атлетико Мадрид за наредната сезона ќе остане без уште еден фудбалер.

Дојде време за разделба помеѓу Атлетико Мадрид и Хуанфран.

После осум години поминати во клубот 34 годишниот десен бек одлучи кариерата да ја продолжи на друго место откако ќе му истече договорот со „јорганџиите“.

„Ова се моите последни денови во Атлетико Мадрид. Се надевам дека ќе се вратам наскоро. Тоа е она што јас го сакам, тоа е мој дом. Ова беа одлични години. Најдобрите во мојата кариера“, изјави Хуанфран.

Хуанфран својата кариера ја започна во Реал Мадрид, а подоцна играше за Еспањол и Осасуна после што го облече дресот на Атлетико Мадрид.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 22 натпревари и постигна еден гол.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите откриваат детали од договорот на Рабио со Јувентус!

Во Шпанија се сигурни, по Арон Ремзи Јувентус договори уште едно засилување без надомест. …