Дома Фудбал Останато Сите чекаат повик, а Коентрао „моли“ да не оди на Мундијалот

Сите чекаат повик, а Коентрао „моли“ да не оди на Мундијалот

Репрезентацијата на Поргугалија избори пласман на Светското првенство, а во Русија Португалците ќе допатуваат со надеж дека повторно можат „од сенка“ да направат голем резултат исто како што беше случајот пред две години на Европското.

Светското првенство во дресот на националниот тим е сон на секое дете, па така и на секој фудбалер. Сепак, изгледа дека за искусниот бек на Спортинг, Фабио Коентрао му е доста, барем засега.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Коентрао има реални шанси да се најде на списокот патници во Русија, но искусниот Португалец апелираше до фудбалскиот сојуз на својата земја да не учествува во селекцијата која ќе ја напушти на Светското првенство.

„Минатата недела, по многу размислување, им реков во таборот на репрезентацијата дека се чувствувам не подготвено за да ја претставувам репрезентацијата по исцрпувачката сезона. Никогаш нема да го свртам грбот на мојата држава и се надевам дека во иднина често ќе имам можност да настапувам за репрезентацијата. До тогаш, секогаш ќе навивам за нашата селекција, се гледаме наскоро… Среќно“, изјави 32-годишниот Коентрао.

Инаку, Коентрао запиша 52 настапи за Португалија, но поради повреда не учествуваше во историското освојување на Европското првенство пред две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати четвртфиналните двојки на Лигата на Европа

Познати се сите учесници во четвртфиналето на УЕФА Лигата на Европа откако завршија реванш…