Дома Македонски спорт Сите предуслови се исполнети, општина Тетово молчи: Зошто не може ЖФК Љуботен да игра на градскиот стадион?

Сите предуслови се исполнети, општина Тетово молчи: Зошто не може ЖФК Љуботен да игра на градскиот стадион?

Oд ЖФК Љуботен денес објавија соопштение во кое посочуваат дека ги исполниле сите предуслови и побарале да играат на градскиот стадион во Тетово, но од општината молчи.

Двократниот шампион на Македонија во женски фудбал информираше дека дописот бил испратен вчера околу 9 часот и се уште немаат одговор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Вчера на ден 13.09.2023 во 09:00часот уредно доставивме барање до општина Тетово за одигрување на првенствениот натпревар од 4-то коло во Прва Женска Фудбалска лига со екипата на ЖФК Скопје на градскиот стадион во Тетово. Сите предуслови кои ги бараше претходно општина Тетово се исполнети. ЖФК Љуботен е прволигаш и двократен шампион а ФК Шкендија овој викенд игра на гости и стадионот е слободен.

По 24 часа уште молк од општината. Јавно преку медиумите бараме општина Тетово да ни даде одговор до денеска до 12.00 како уредно би го пријавиле натпреварот до надлежните во ФФМ и МВР. Со надеж на позитивен одговор“, велат од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…