Дома Фудбал Италија Сите најдобри во Серија А од минатата носат посебно обележје освен Роналдо (ФОТО)

Сите најдобри во Серија А од минатата носат посебно обележје освен Роналдо (ФОТО)

Кристиано Роналдо освен што го освои Скудетото со Јувентус беше прогласен и за најдобар играч во Серија А.

Најдобрите поединци од минатата сезона имаат право на дресот да носат посебно обележје на кое пишува „избран“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така Кулибали беше избран за најдобар дефанзивец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ за најдобар играч, додека Фабио Кваљарела го доби признанието за најдобар напаѓач.

Наградата за најдобар голман му припадна на Самир Хандановиќ, најдобар млад фудбалер беше Николо Заниоло, а за играч на првенството Роналдо.

Сите добитници на овие награди го носат обележјето на својот дрес, но не и Роналдо.

Како што наведува „Марка“ Роналдо одбил да го носи тој беџ на својот дрес од почит кон соиграчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…