Се е познато и се чека само некој официјално да се огласи.
Матијас Де Лихт ова лето беше голема желба на Јувентус и италијанскиот шампион на крајот успеа во својата намера и сега се чека само официјална промоција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт вчера се најавуваше дека ќе пристигне во Торино, но тоа не се слуи. Сепак, вчера вечер познатиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека се е завршено и дека Де Лихт може да се смета за играч на Јувентус.
Познати и се и повеќе детали околу трансферот.
Де Лихт го избра дресот со број четири кој го носеше во Ајакс, а кога во прашање е сумата Ди Марцио најавува дека Јувентус ќе плати 65 милиони евра, а со бонуси истата може да достигне вредност од 75 милиони евра.
Кога во прашање се личните услови, Де Лихт со Јувентус се договорил за плата помеѓу 8 и 9 милиони евра годишно како фиксна бројка, додека со бонусите во договорот може да достигне до 12 милиони евра. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Ако Де Лихт во Јувентус продолжи онака како што започна во Ајакс нема сомневање дека интересот на богатите клубови за Де Лихт повторно ќе се појави затоа што клубот од Торино ќе му постави откупна клазула во износ од 150 милиони евра.
Тоа засега се најважните детали. Значи, Де Лихт пристигнува денес, додека за утре се закажани лекарските прегледи и промоцијата.
#Calciomercato | È fatta per il passaggio di #DeLigt dall’#Ajax alla #Juventus. Mercoledì le visite mediche ⬇️https://t.co/vqMoulaiKk
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 15, 2019