Eден од фудбалерите за кои најмногу се пишува во последниот период е Јошко Гвардиол од редовите на Лајпциг кој би можел да стане најскапо платен дефанзивец во светот.
Последните информации на островските медиуми се дека Манчестер Сити понудил 100 милиони евра за репрезентативецот на Хрватска да го облече светло синиот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека се пишува каде би можел Гвардиола да продолжи, младиот фудбалер се јави со фотографија од Белград. Гвардиола објави фотографија во хипербарична комора и напиша.
„Време е за опоравување“.
Пред една недела Хрватот имаше операција на препоните, а поради повредата не играше и во финалето од Лигата на Нации со репрезентацијата. Претпоставките се дека Гвардиола работи со познатата докторка Маријана Ковачевиќ која соработувала со многу светски ѕвезди, но засега нема потврда.