Дома Фудбал Италија Синот на Малдини дебитираше во Лигата на шампиони

Синот на Малдини дебитираше во Лигата на шампиони

Еден од синовите на легендата на Милан и италијанскиот фудбал, Паоло Малдини – Даниел синоќа го имаше своето деби во Лигата на шампиони во дресот на „росонерите“.

19-годишниот Малдини влезе во игра од клупата на мечот против Ливерпул на „Енфилд“ на местото од Анте Ребиќ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Даниел го запише своето деби во Лигата на шампиони пред очите на неговиот татко Паоло, кој моментално е спортски директор во Милан.

Ова е трета генерација Малдини која игра за Милан во Лигата на шампиони после Чезаре и Паоло Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лудо: Навивач патуваше 1.600 километри и беше единствен гостински фан – фудбалерите му подарија момент за паметење! (Видео)

Љубовта на навивачите кон фудбалските клубови често ги надминува сите граници, а минатиот …