Дома Фудбал Синот на Златан Ибрахимовиќ ја избра репрезентацијата за која ќе настапува

Синот на Златан Ибрахимовиќ ја избра репрезентацијата за која ќе настапува

Младиот центарфор летово го потпиша својот прв професионален договор со Милан.

Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, за првпат беше повикан во шведската јуниорска репрезентација.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ова лето, младиот центарфор го потпиша својот прв професионален договор со Милан, каде неговиот татко ја заврши кариерата во јуни 2023 година. Ибрахимовиќ јуниор настапува за италијанскиот клуб Примавера.

„Тој одлично започна со Примавера. Добра можност е да го видиме во нашата средина“, изјави за шведските медиуми тренерот на јуниорскиот тим Андреас Петерсон.

Шведската јуниорска репрезентација за неколку дена во Шпанија ќе одигра два натпревари против Јапонија и САД.

Златан Ибрахимовиќ кон средината на декември стана советник на сопственикот на фудбалскиот клуб Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Признание за Ламин Jамал: Младиот фудбалер е избран за најдобар играч во септември

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ​​е избран за најдобар играч на шпанската Ла Лига за м…