Дома Фудбал Симеоне бара промени од раководството на Ла Лига: Би било добро да биде како во Англија

Симеоне бара промени од раководството на Ла Лига: Би било добро да биде како во Англија

0
simeone

Новата сезона во шпанската Ла Лига започна овој викенд, но преодниот рок во Шпанија и натаму трае.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, смета дека преодниот рок за шпанското првенство треба да биде затворен пред почетокот на новата сезона.

Преодниот рок за сезона 2019/20 останува и натаму отворен до 2. септември иако првенството веќе започна, а Симеоне сака тоа да се промени.

„Мислам дека сите тренери во Ла Лига посакуваат тоа да се промени на начин како што сега е во Англија.“

„Сигурен сум дека поголемиот дел од тренерите ја градат екипата пред првиот натпревар во сезоната.“

„Би било психички подобро за сите кои се вклучени кога преодниот рок ќе се затвори и сите ќе бидат фокусирани на оние играчи кои ќе играат. Сега мора да го чекаме 2. септември и може да дојде до промени.“ – изјави тренерот на Атлетико.

Атлетико вечерва од 22 часот ќе го одигра својот прв натпревар во новата сезона на домашен терен против Гетафе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…