Дома Трансфер зона Силва: Одлично би било Нејмар да дојде во ПСЖ

Силва: Одлично би било Нејмар да дојде во ПСЖ

Бразилескиот интернационалец, Нејмар изминативе денови се наоѓа во центарот на вниманието поради информациите дека ќе ја напушти Барселона.

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Нејмар ова лето ќе ги напушти Каталонците, и дека својата кариера ќе ја продолжи во ПСЖ. Како што се наведува, клубот од Париз е подготвен да ја активира откупната калузула за бразилскиот фудбалер која изнесува неверојатни 222 милиони евра.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Сигурно е дека во Париз не би имале ништо против Нејмар да дојде во клубот, а тоа го призна и неговиот сонародник Тиаго Силва. Тој истакна дека тоа би било фантастично за тимот бидејќи Нејмар е еден од најдобрите играчи на светот.

„Нејмар во Париз? Слушнав дека новинарите зборуваат за тоа, но нема се уште ништо конкретно. Нејмар е еден од најдобрите играчи на светот и би било фантастично да дојде“, истакна Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…