Дома Останати Тенис Се чекаше негова изјава: Се огласи човекот кој Серена го нарече „крадец“

Се чекаше негова изјава: Се огласи човекот кој Серена го нарече „крадец“

Поминаа неколку дена, а се уште во спортските медиуми се пишува за скандалите кои Серена Вилијамс ги направи во финалето на УС Опен.

Откако вчера сите судии најавуваа бојкот на натпреварите доколку Американката јавно не се извини за навредите кон Рамос денес се огласи токму човекот кој ја делеше правдата на овој натпревар.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Ќе потсетиме Серена во текот на натпреварот го нарече „крадец“, а по натпреварот го обвини и за сексизам.

„Моето судење не беше спорно за никој освен за Серена. Одлично се чуствувам и критиките не ме загрижуваат премногу затоа што истите не се поткрепени со аргументи. Нема потреба да се грижите за мене“, изјави Карлос Рамос.

Серена финалето на турнирот го загуби од 20 годишната Јапонка Наоми Осака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Прeд Ролан Гарос собра само 100 евра, па стана една од најголемите сензации во историјата на тенисот

Французинката Лоис Боасон (22) стана вистинско откритие на годинашниот Ролан Гарос. Со спе…