ПСЖ не е во добра форма, а богатите газди сакаат резултати, па веќе секој нов кикс за тренерот на „светците“ Кристоф Галтие носи и нов притисок.
По последната елиминација од Купот на Франција, медиумите веќе најавуваа и дека стратегот на гигантот од Париз може да биде сменет. Наводно, катарските сопственици веќе размислуваат за нов тренер, а сонуваа за Зидан кој откако не стана селектор на Франција би можел да прифати понуда од ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан се надеваше на селекторската позиција во Франција, меѓутоа Дешам го продолж договорот, па тој остана без ангажман. Второто име кое се споменува е Пеп Гвардиола.
Иднината на Гвардиола е неизвесна по последните случувања во Манчестер Сити и можната казна.
Најавите се дека со евентуална елиминација од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите може да заврши и епизодата на Галтие во Париз. Треба да се спомене дека во првиот меч против баварците сигурно нема да игра Мбапе, а под знак прашалник е и настапот на Меси.