Дома Фудбал Англија Се спушта завесата во Премиер лигата: Лестер или Евертон, еден ќе ја напушти елитата

Се спушта завесата во Премиер лигата: Лестер или Евертон, еден ќе ја напушти елитата

Денес има голема пондуда за обложување, а најинтересно ќе биде во Премеир лигата каде се игра последното коло и се чека конечна разврска.

Најинтересна ќе биде борбата за опстанок, па ние ќе го анализираме дуелот помеѓу Лестер и Вест Хем. „Лисиците“ мора да победат, но не зависи се од нив и ќе очекуваат позитивни вести од Евертон, додека за Вест Хем овој меч нема резултатско значење.

Лестер се бори за „гол живот“, но зависи од друг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лестер добро ја започна сезоната и амбициите на овој тим секако беа поголеми од борба за опстанок. Но потоа следуваше многу долг период во кој тимот бешележе катастрофални резултати, па дојде до тренерска смена и Брендон Роџерс доби отказ. Според квалитетот овој тим сигурно засилужува многу подобро место на табелата. Лестер оваа сезона знаеше да блесне во некои натпревари, но најголем проблем е континуитетот. „Лисиците“ моментално се наоѓаат на 18-to место на табелата и се наоѓаат пред императив победа, но ништо не е во нивни раце. Имено, Евертон има еден бод повеќе и игра на домашен терен, па доколку победи, Лестер ќе испадне во Чемпионшип. Во секој случај Лестер мора да го направи своето и сигурно дека ќе даде се од себе за да ги освојат трите бода, а домашниот терен ќе биде голема предност.

Вест Хем се спаси, но нема да попушти ниту милиметар

Вест Хем не може да биде задоволен од оваа сезона, бидејќи амбициите на тимот беа многу поголеми. Во летниот преоден рок „чеканите“ доведоа големи засилувања, потрошија голем буџет, а оваа сезона до крај се бореа за опстанок. Вест Хем долго време беше во зоната за испаѓање, иако според квалитетот овој тим може да се бори за излез во Европа. Во последно време влегоа во подобра форма, направија серија од добри резултати и се изборија за опстанок. Ова најверојатно ќе биде последен меч за нивниот најдобар играч Даклан Рајс, па сигурно следуваат промени во тимот на лето. Во секој случај, иако овој меч за нив нема резултатски императив Вест Хем ќе сака добро да ја заврши сезоната и нема да попушти ниту милиметар пред Лестер, кој се бори за гол живот.

Очекување

Домашниот терен, но и мотивот ќе бидат предност за Лестер, кој едноставно мора да победи и ќе даде повеќе од 100% за да победи. Сепак, Евертон е во подобра позиција бидејќи се држи во свои раце. Игра на домашенн терен со Борнмут и до победа ќе избори опастанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…