Дома Фудбал Останато Се сеќаваат на „Максмир“ – Панчев: Бобан не постапи коректно, Бобан: Пак би го удрил полицаецот! (ФОТО+ВИДЕО)

Се сеќаваат на „Максмир“ – Панчев: Бобан не постапи коректно, Бобан: Пак би го удрил полицаецот! (ФОТО+ВИДЕО)

Денес изминуваат 30 години од хаосот на „Максими“ каде што требаше да играат Динамо и Црвена Звезда.

Динамо Загреб требаше да ја пречка Црвена Звезда, меѓутоа тој натпревар никогаш не се одигра. Сликите од дивеењето и насилството брзо го обиколија светот. Се започна на улиците на хрватската престолнина.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На неколку часа пред натпреварот на улиците во Загреб започнаа пресметки помеѓу „Бед Блу Бојс“ и „Делиите“, нередите стигнаа и на стадионот. Навивачите на Звезда кои допатуваа во голем број успеаа да дојдат до јужната трибина каде што беа малобројните фанови на Динамо.

Иако „Бед Блу Бојс“ тој ден влегоа на терен и тргнаа кон гостинскиот сектор поголем број од играчите на Динамо и Звезда побегнаа во соблекувалната, а остана запаметен моментот кога Звонимир Бобан со колено го удира полицаеот Рафик Ахметовиќ.

За овој натпревар денес зборуваше и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Панчев помеѓу другото го искоментира и потегот на Бобан кој го смета за некоректен, секако е и таков.

„Звонимир Бобан беше млад и понесен во таа ситуација и реагираше некоректно за еден спортист, но јас знам дека тој е одличен и паметен човек и затоа мислам дека го понесе еуфоријата. Секој може да погреши“.

Меѓутоа Бобан тврди дека и денес би го направил истото.

„Во тој момент јас ја ризикував кариерата, но и денес пак би го удрил полицаецот, не за да бидам херој, туку за да реагирам на неправдата. Хероите одеа во војната, ние бевме само бутновниците. Она што им го правеа на нашите навивачи беше за секаква осуда. Од друга страна додека „Делиите“ кои први започнаа мирно ги гледаа. Полицаецот удираше еден од нашите навивачи, па ме удри и мене со пендрак и мојата реакција да возвратам беше нормална. Не бев само јас неколку фудбалери се обидовме да ги заштитиме навивачите од полицијата“, изјави Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…