Дома Фудбал Останато Проблем во УЕФА: Бобан му се налути на Чеферин и си замина

Проблем во УЕФА: Бобан му се налути на Чеферин и си замина

Легендарниот Звонимир Бобан одлучи да ја напушти УЕФА.

Славниот хрватски фудбалер беше главен оперативец на УЕФА и близок соработник на Александар Чеферин, но не можел да помине преку обидот на Чеферин како што тој смета насилно да остане власт повеќе отколку што требало.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


УЕФА го потврди заминувањето на Бобан.

„УЕФА сака да објави спогодбен раскин на соработката со Звонимир Бобан. Бобан се придружи на организацијата во 2021 година. Како шеф на фудбалот започна неколку важни проекти во техничкиот развој. УЕФА ја изразува својата благодарност на господинот Бобан за неговата слуќба и му посакува среќа во понатомошната кариера“, стои во објавата на УЕФА.

Претходно за хрватски „Индекс“, Бобан објасни зошто заминува.

„Разговарав со претседателот на УЕФА за проблемот кој се случи во текот на состанокот на извршниот одбор во Хамбург поради промената на статутот. Откако изразив најголема загрижност за своето целосно несогласување со начинот и самиот предлог, претседателот ми одговори дека за него не постои никаков, ниту правен, ниту морален проблем и дека без дилеми ќе продолжи, со според мене лошата идеја.

Пародксално, токму Чеферин во 2017 година предложи и започна пакет реформи кои требаше да ја заштитат УЕФА и европскиот фудбал од лошото управување. Главните две точки на реформите беа ниту претседателот, ниту членовите на извршниот одбор да не можат да се кандидатираат повеќе од три пати, се воведе и старосен лимит од 70 години за сите членови на извршниот одбор. Беше тоа епохална работа за фудбалот“, објасни Бобан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…