Дома Фудбал Останато Се појави уште еден измамник во фудбалот: Лажел дека играл за ПСЖ, па добил договор со ЦСКА – се му се срушило за еден момент!

Се појави уште еден измамник во фудбалот: Лажел дека играл за ПСЖ, па добил договор со ЦСКА – се му се срушило за еден момент!

Во фудбалот во претходните години можевме да слушнеме навистина неверојатни приказни за играчи кои се појавиле како „громк од ведро небо“, а на крајот се покажало дека лажеле за своето минато или годините.

Еден нов таков случај е со Грегоир Аклерод кој пред скоро 20 години имал план да успее како фудбалер. Тој играл за аматерскиот тим на ПСЖ во петтата лига, а потоа почнал да ги лажира извештаите од натпреварите додека бил уште во средно училиште.

Од лажирањето на извештаите почнал да оди и пошироко, па така измислил вест дека игра за резервите на ПСЖ и поради тоа станал популарен на училиште. Тој дури ја крадел и статистиката од Николас Анелка кој во тоа време играше за ПСЖ, место името на Анелка тој го пишувал неговото.

Успеал да влезе и на „Паркот на Принцовите“ каде што се сликал со дресот на ПСЖ и се фалел дека станал дел од првиот тим. Направил едно фантастично сиви и почнал да се нуди на европските клубови.
Започнал од Англија каде што барал проба во Челзи, Арсенал и Манчестер Сити, но бил одбиен. Сепак, Свиндон Таун, Норвич и Бурнемоут му понудиле да дојде на проба.

Во 2009 година одбил да игра во Луксембург затоа што добил проба во ЦСКА Софија. На тренингот бил добар и клубот му понудил договор. Било договорено да потпише на три години и месечно да заработува околу 20.000 евра, тогаш се пропаднало.

„Бев два дена проба во ЦСКА и тренерот му кажа на мојот агент дека сака да му даде договор. Дури и се сликав во дресот на ЦСКА и потпишав договор., Но тогаш тие објавија на страната дека сум нивно ново засилување и дека сум поранешен играч на ПСЖ. Тогаш фановите на ПСЖ ме уништија. Пишуваа на клубот дека никогаш никој не слушнал за мене и дека не сум играл за тој клуб. На мојата веб страна имаше некои вистинити видеа како некои од Свиндон, но околу ПСЖ се беше лага. Новинарите ме нападнаа и открија дека лажам. Наредниот ден се спакував и си заминав“, изјави Аклерод за „Дејли Мејл“.

Тој објасни дека веќе бил во облаци и конечно се радувал дека измамата ќе му се исплати и ќе заработи многу пари од договорот. Но се паднало во вода кога на страницата на ЦСКА се појавило прашањето: “Навивачи на ПСЖ дали ја препознавате вашата поранешна ѕвезда? Сега е наш играч!“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бамфорд: Џани е како мало дете, има девојка исто луда како него

Многу често фудбалерите на Лидс зборуваат за лудориите на Езгјан Алиоски сега на оваа тема…