Дома Фудбал Останато Се појави ново име како кандидат за наследник на Ковач

Се појави ново име како кандидат за наследник на Ковач

0

Баерн Минхен во текот на минатата недела се раздели со тренерот Нико Ковач, откако доживеаа дебакл од Ајнтрахт Франкфурт со 1-5.

Во претходните денови се поврзуваат многу тренери со тренерското столче во Минхен, а наводно најблиску беше Арсен Венгер, додека по него се Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри.

Германските медиуми објавија уште една интересна вест. Наводно, клубот има дури опција за нов тренер да го ангажира нивниот поранешен фудбалер, Марк Ван Бомел.

Ван Бомел во моментов го тренира ПСВ, а има договор со екипата до 2021 година. Сепак, „Билд“ пишува дека холандскиот стратег ќе добие дозвола да го тренира Баерн доколку тие испратат понуда до ПСВ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Елмас пред Австрија доби лоши вести: Наполи ќе го казни!

Непосредно пред вечерашниот натпревар против Австрија Наполи соопшти дека Елиф Елмас ќе би…