Дома Фудбал Англија Се поизвесно е заминување на Салах од Енфилд: Два клуба во пол позиција

Се поизвесно е заминување на Салах од Енфилд: Два клуба во пол позиција

Островските медиуми неодамна лансираа вест дека Мохамед Салах може по крајот на сезоната да го напушти Ливерпул и да се пресели во редовите на Челси.

Оваа информација доби уште повеќе на тежина откако Црвените воспоставиле контакти со Бамфорд и Санчо, што значи дека нападот на тимот од Енфилд наредната сезона може да доживее значајни промени.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Салах од поодамна се поврзува и со ПСЖ. Le Parisien пренесува дека Салах може да ја продолжи кариерата во ПСЖ, каде го гледаат како идеална замена за Килијан Мбапе, кој од друга страна е на излезните врати.

Сепак, 29-годишниот играч на Ливерпул е голема желба и на Томас Тухел, кој го посакува Салах по секоја цена на Стемфорд Бриџ.

Според некои информации трансферот би требало да чини околу 100 милиони евра. Прашање е дали ова е цифра која ќе ги задоволи Црвените. Салах со Ливерпул има договор до јуни 2023. година, а моменталната вредност според трасфермаркт се проценува на 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…