Дома Фудбал Се откриваат нови детали: Судиите Барселона ги купувала за подароци и пршута?!

Се откриваат нови детали: Судиите Барселона ги купувала за подароци и пршута?!

Во овој период актуелна тема во Шпанија се обвинувањата кон Барселона за корупција, а сега „Ел Мундо“ објави нови изненандувачки информации.

Имено, познатиот медиум објави сметки од фирмата на Негреира кои докажуваат дека парите од Барселона се користеле да се купуваат разни подароци, меѓу кои имало и пршута.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од друга страна „Диарио“ објавуви пораки кои во 2017 година Хавиер Енрикез, син на корумпираниот потпретседател ги испраќал на тогашниот директор на Барселона.

Во тие пораки се фали Хил Манзано, шпансиот судија кој намерно судел на штета на Атлетико со цел Барселона да има корист во шпанскиот куп.

„Судиските грешки, пеналот и поништениот гол беа во корист на Барселона. Меѓутоа беа преочигледни и го свртија натпреварот. Сите картони беа досудени исправно, освен оној на Бускетс. Те молам како што пишав претходно за Суарез. Се слушаме когаќ е сакаше“, пишува синот корумпираниот шеф на директорит на Барселона.

Барселона тој прв натпревар го доби на гости со 2:1, но очигледно сакала дополнително да се обезбеди во реваншот. Манзано со цел да ги прикрие трагите ги исклучи Серхи Роберто и Луис Суарез. Но првиот беше исклучен во 57-та минута кога Барселона водеше со 1:0, а вториот на крајот од натпреварот кој заврши 1:1, Атлетико изедначи во 83-та минута. Претходно беше исклучен и Јаник Караско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…