Maдритски „АС“ вчера објави бомбастична вест дека Кристијано Роналдо бил понуден од својот агент Жорж Мендеш на Барселона.
Во текстот на „АС“ стоеше дека агентот на Роналдо Жорж Мендеш и Лапорта покрај преговорите за други играчи разговарале и за Роналдо. Роналдо помина девет години во Реал Мадрид и постигна 450 голови и секако дека неговиот евентуален трансфер во Каталонија би бил сензационален.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово се огласи каталонскиот новинар Жерард Ромеро кој секогаш е добро упатен со случувањата во Барселона.
„Факт е дека Лапорта и Мендеш се сретнаа, но за Роналдо воопшто не разговараа, за него не се ни размислува. Тема на разговорите е Жуелс Кунде“, објави Ромеро.
Барселона веќе подолго време не крие дека сака да го доведе одличниот млад стопер на репрезентацијата на Франција кој пред три години дојде во тој клуб за 25 милиони евра. Сега Севиља го пушта, но за околу три пати поголем износ.
📺 DIRECTO @JijantesFC
— Gerard Romero (@gerardromero) July 4, 2022
Los nombres de la CUMBRE con Mendes….
❌ CR
✅ Koundé
🙏 Ruben Neves ofrecido de nuevo… https://t.co/3KVGW54way