Дома Фудбал Се е завршено: Решена е иднината на Модриќ!

Се е завршено: Решена е иднината на Модриќ!

Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесува шпанскиот „Ел Чирингуито“.

Модриќ се договори со Реал. Во текот на наредните денови ќе добиеме и официјална потврда. Тој е круцијален за младите играчи во соблекувалната на Реал. Ова беше клучен месец ипол за клубот, тој одигра важна улога“, објави новинарот Окадирија Едуардо Индо во изјава „Ел Чирингуито“.

Постоечкиот договор на Модриќ истекува на 30 јуни наредната година, а хрватскиот играч за врска во клубот стигна во летото 2012 година од Тотенхем.

Модриќ од недела во недела воодушевува со своите игри иако има 35 години, шпанските медиуми постојано го фалат.

Колку Модриќ е важен за Зинедин Зидан најдобро покажува податокот кој кажува дека хрватскиот играч за врска е единствениот покрај голманот Тибо Куртоа кој го одиграл секој меч за Реал во оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…