Дома Фудбал Англија Се вратија во Премиер лигата и купија 21 играч

Се вратија во Премиер лигата и купија 21 играч

Oваа сезона Нотингем Форест се врати во Премиер лигата, а раководството на клубот не сака ништо да ризикува со опстанокот во најсилната англиска конкуренција па беа најактивниот премиерлигаш на трансфер пазарот.

Поранешниот европски шампион ова лето доведе дури 21 играч што е рекорд за еден англиски клуб во еден преоде нрок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последниот ден од преодниот рок Нотингем ги испрати на позајмица Вили Боли од Вулвс, Џош Баулер од Блекупл и Лоик Баде од Рен со што стигнаа до бројката од 21 ново име во составот.

Оваа бројка ќе беше и поголема но поради не стигнување на време на документацијата им пропадна трансферот на Мичу Батшуаи од Челзи. Повеќе за ова – ТУКА.

Батшуаи е најголемиот губитник во последниот ден од преодниот рок

Морган Гибс-Вајт им беше најскапиот трансфер и за него платија 25 милиони фунти, а како слободни играчи пристигнаа Лингард, Кујате и Хенеси. Рекордот претходно го држеше Кристал Палас кој во 2013 година доведе 17 нови играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …