Дома Фудбал Нотингем ќе плати голема казна поради навреда на судијата

Нотингем ќе плати голема казна поради навреда на судијата

Англискиот тим Нотингем Форест беше казнет со 750.000 фунти поради коментарите против судијата Стјуарт Атвел дадени во април.

Независната регулаторна комисија оцени дека обвинувањето на Фудбалската асоцијација е легитимно.

„Нашето трпение е тестирано многу пати. Не можеме да прифатиме некои одлуки“, изјавија од Нотингем по поразот од Евертон со 2:0 минатата пролет.

Од клубот од Ист Мидлендс засега не сакаа да ја коментираат санкцијата.

Во коментарите ФА видела и индикација дека судијата од ВАР бил пристрасен како навивач на Лутон. Според Фудбалската асоцијација на Англија, независната регулаторна комисија одржала расправа и утврдила дека однесувањето на Нотингем е незаконско и затоа одредила казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас повторно меѓу стартерите: Аталанта ја сопре серијата без победа

Ељиф Елмас одигра 75 минути во гостинскиот успех на Аталанта против Монца со 1-0. По четир…