Дома Фудбал Англија Батшуаи е најголемиот губитник во последниот ден од преодниот рок

Батшуаи е најголемиот губитник во последниот ден од преодниот рок

Белгискиот напаѓач Мичу Батшуаи е најголемиот губитник во летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 28-годишник се уште има договор со Челзи до летото 2023 година, иако поголемиот дел од својот престој во Лондон го помина на позајмици. Батшуаи во Челзи пристигна летото 2016 година од Марсеј за 40 милиони евра, но на „Стенфорд Бриџ“ не ги оправда очекувањата.

Се очекуваше Белгиецот во финишот од преодниот рок да го напушти Челзи и неговото преминување во Нотингем Форест беше завршена работа, меѓутоа се пропадна во последните минути од преодниот рок.

Челниците на Челзи и Нотингем постигнаа договор и изгледаше дека сигурно Батшуаи се сели во овој клуб, а на крајот се потврди дека нема ништо од овој трансфер.

Имено, клубовите не успеале на време да ја испратат целата документација околу трансферот и на крајот челниците на Премиер лигата не можеа да го официјализираат овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…