Јувентус синоќа загуби во финалето на Купот од Наполи, а навивачите сигурно ги загрижува играта која ја прикажа „старата дама“ и Кристиано Роналдо.
Португалецот одигра уште еден лош натпревар и денес е мета на критики, па дури и тренерот Сари призна дека Португалецот не е истиот играч кој се навикнавме да го гледаме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сестрата на Роналдо, Елма се одлучи да го одбрани од критиките и индиректно вината ја префрли кон другите фудбалери кои според неа не се на ниво.
„Не може сам да прави чуда на теренот. Што друго требаше да направи? Главата горе, ти си мојот Цар“, напиша сестра му на Инстаграм.
Роналдо немаше можност да шутира од белата точка при изведувањето на пенали, бидејќи Дибала и Данило промашија во првите две серии.