Дома Фудбал Италија Серија А ќе го менува форматот: Никого не го интересира лига каде што еден клуб доминира

Серија А ќе го менува форматот: Никого не го интересира лига каде што еден клуб доминира

Италијанското фудбалско првенство со 20 клубови се игра од 2004 година, но сега се погласни се идеите дека истото треба да се врати на 18 поради квалитетот на лигата.

Доминацијата на Јувентус трае од 2011 година, а миланските клубови никако не успеваат да се вратат на победничките патеки.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Квалитетот секогаш е најважен кога станува збор за промените. Убеден сум дека двата клубови од Милано се одлични примери. Никој не го интересира натпреварување каде што еден клуб е доминантен. Оваа промена би привлекла повеќе публика. Без навреди кон Наполи и Рома кои му прават мали проблеми на Јувентус во последните години, присуството на миланските клубови со себе носи голема историја“.

„Најдобрите првенства во Европа, освен Бундес лигата имаат 20 тимови. Ќе донесеме одлука кога добро ќе ги разгледаме предностите и недостатоците“, изјави претседателот на Серија А, Гаетано Мичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Собираше отпад на улиците и играше во трета лига, сега е лидер во одбраната на Анчелоти

Александро не е име што е познато на пошироката фудбалска јавност. И покрај тоа, 25-годишн…