Дома Фудбал Италија Серија А се враќа наскоро: Ова е новиот протокол!

Серија А се враќа наскоро: Ова е новиот протокол!

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора е оптимист за продолжувањето на Серија А.

Фудбалерите после две месеци се вратија во тренинг центрите, наскоро ќе започнат и со групни тренинзи, а конечната одлука за продолжување на првенството ќе се донесе на 28-ми мај.

„Оптимист сум. Не може фудбалот да застане, ако се останато се враќа во живот. Тоа е страст и живот на сите Италијанци. Не сакам ни да замислам каде би биле без фудбал. Објавивме протокол кој овозможува групни тренинзи, се надевам што поскоро ќе продолжи Серија А“, изјави Спадафора.

Министерот додаде дека е изработен и протокол за тестирање на фудбалерите пред и откако ќе започне Серија А, а ова се дел од мерките.

– Доколку се појави случај на коронавирус за време на тренинзите, фудбалерот мора да замине во итна изолација

– Комплетниот тим ќе оди на тестирање веднаш, брис ќе се зима на секои 48 часа во наредните 14 дена

– Клубовите мора да обезбедат список на луѓе кои можат да присуствуваат на тренинзите

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одбраната на Шкендија издржа само четири минути: Ламела го совлада Захов 🎥

Уште на самиот старт Тотенхем покажува кој е кој на Арената. Ерик Ламела ја погоди мрежата…