Дома Фудбал Италија Серија А се враќа: Еве како ќе се игра и кога е дербито за титулата

Серија А се враќа: Еве како ќе се игра и кога е дербито за титулата

Италијанците вчера објавија дека Серија А се враќа на 20 јуни, како и Серија Б.

Сезоната ќе се продолжи една недела претходно бидејќи тогаш ќе се играат реванш натпреварите од Копа Италија, Јувентус – Милан (прв натпревар 1:1) и Наполи – Интер (1:0). Четири дена подоцна ќе се одигра финалето.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес раководството на лигата ќе се сретне за во целост да го одреди точниот календар на натпреварување, но закажаниот термин не остава многу непознаници.

Првиот викенд ќе донесе четири заостанати натпревари од 25. коло: Аталанта – Сасуоло, Интер – Сампдорија, Торино – Парма и Верона – Каљари. Потоа на 23. и 24. јуни ќе се играат натпреварите од 27. коло, а до крајот на сезоната би требало да се играат по две кола секоја недела.

Во тој ритам се би се завршило до првиот викенд во август. Така Јувентус, Наполи, Аталанта, Интер и Рома ќе имаат време да продолжат со Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Европските натпреварувања се планирани да продолжат на 4. август, меѓутоа за нив конечна одлука уште нема.

Во овој момент во Серија А Јувентус е лидер со еден бод повеќе од Лацио. Третопласиран е Интер со девет, а четвртопласирана Аталанта со дури 15 бода помалку.

Натпреварот кој би можел многу работи да реши е во 34. коло во него ќе играат Јувентус и Лацио. Овој натпревар би требало да се игра на 18 или 19. јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…