Барселона и македонскиот репрезентативец Борко Ристовски нема да играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот тим, Монпелје по голема драма успеа да ги одбрани трите гола предност од првиот меч и на реванш дуелот загуби само со два гола разлика 30-28 (15-14).
Во последните минути се случуваше вистински хаос. Барселона која на овој меч беше далеку од потребното ниво во последната минута со голот на Н’Гесан влезе со 30-27, но Симоне на неколку секунди до крајот погоди за голема радост на својот тим. Монпеље во четвртфиналето силите ќе ги одмери со Фленсбург.