Луис Хамилтон успеа да стигне до сензационална победа за ГН на Германија, откако стартуваше од 14-та позиција.
Големата ѕвезда на Мерцедес извлече максимум од целосната драма на „Хокенхајм“ и веќе е новиот лидер на табелата кај пилотите во шампионатот на Формула 1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемиот губитник денес се вика Себастијан Фетел. Германскиот пилот на Ферари беше блиску до победата пред домашната публика, но 15 круга пред крајот ризикуваше премногу на влажната писта и излета од патеката.
Меѓутоа, Хамилтон би можел да остане без победата бидејќи по крајот на трката стјуардите покренаа истрага и го повикаа Британецот на разговор. Причина е потегот со кој возачот на Мерцедес во последен момент се откажа од влегување во бокс и преку тревата се врати на патеката.
За сличен инцидент на ГН на Азербејџан во 2016, Кими Раиконен доби казна од 5 секунди.
Доколку Хамилтон биде санкциониран со казна од 5 секунди, тогаш тој ќе ја загуби првата позиција и неговиот тимски колега Валтери Ботас ќе биде прогласен за победник.