Дома Топ вести Сензационална вест: Ибрахимовиќ потпишал со Милан!

Сензационална вест: Ибрахимовиќ потпишал со Милан!

Доцна вчера вечер од Америка пристигна една сензационална вест – Златан Ибрахимовиќ се враќа во Серија А!

Имено, првиот човек на МЛС лигата, Дон Гарбер тврди дека Ибрахимовиќ веќе потпишал договор со Милан.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Златан е интересен лик. Поради него сум многу зафатен и такви луѓе ни се потребни, како што го имавме Дејвид Бекам до пред неколку години. Има 38 години и повторно потпиша договор со Милан, еден од најголемите клубови во светот“, изјави Гарбер за реномираниот „ЕСПН“.

Значи, ако веруваме на неговите зборови нема ништо од Болоња, Јувентус и Наполи со кои се поврзуваше, Ибра се враќа во Милани.

Ибрахимовиќ дресот на Милан го носеше од 2010 до 2012 година и за тој период постигна 56 голови и запиша 24 асистенции на 85 натпревари за клубот од „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…