Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Селекторот на Унгарија: Роналдо е шампион, но едно нешто ме нервира кај него

Селекторот на Унгарија: Роналдо е шампион, но едно нешто ме нервира кај него

Репрезентацијата на Унгарија чесно се опрости од Европското првенство после групната фаза.

Унгарците беа сместени во „групата на смp*та“ во која беа уште и Франција, Германија и Португалија. Многумина веруваа дека останатите екипи ќе дојдат лесно до победа против Унгарција, но се излажаа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако се опростија од Европското првенство во центарот на вниманието се најде селекторот на оваа селекција Марко Роси кој даде интервју за Газета дело Спорт.

Роси зборуваше за настапот на Унгарија на ЕУРО, односно за натпреварите против Франција, Германија и Португалија. Даде коментар и за ѕвездите против кој играа неговите играчи, а тука го издвои Роналдо.

Селекторот Роси порача дека Роналдо е голем шампион, но едноставно го изнервирал поради однесувањето.

„Роналдо е навистина голем шампион, но некогаш знае да изнервира човек. Откако постигна погодок од пенал за 2:0 во 87. минута славеше како да постигнал погодок во пенал серија. Луѓето го гледаат тоа и едноставно тоа вас ве нервира.“ – рече Роси.

Унгарија групната фаза ја заврши на последната позиција со два бода. ВО првиот натпревар беа поразени од Португалија со 3:0, а потоа ремизираа против Франција (1:1) и Германија (2:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Скандал во Премиер лигата: Отказот на тренерот го славеа во ноќен клуб 🎥

Eкипата на Лестер во текот на вчерашниот ден потврди дека Стивен Купер повеќе не е тренер …